Оливер Андонов добил смртни закани за своето семејство од Петар Богоевски

Петар Богоевски кој себеси се прогласи за реформатор, а голем дел од јавноста ги нарече група на деформатори под контрола на СДСМ и надворешни фактори е во жариштето на нов скандал, откако во телефонски разговор испратил смртни закани до поранешниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов.

Како што се претпоставува, веројатно во алкохолизирана состојба, Богоевски му се јавил на Оливер Анднов обраќајки му се со зборовите „Има да те нема. Со нас никој не може да си има работа, ние сме силни, ќе ти искинам се што имаш во фамилија. Ќе те избришам од земјава, знаеш ли кој сум јас”, рекол Богоевски, пренесува порталот Курир мк.

„Рефоматорот“ го обвинил Андонов дека има поврзаност со наводниот сообраќаен инцидент на неговата сопруга, и за тоа рекол дека Андонов е виновен, на што екс заменик министерот со чудење одговорил дека ниту го познава Богоевски, ниту неговата сопруга, а и дека првпат слуша за некаков сообраќаен инцидент.

Заканите по семејството и личната безбедност, Андонов ги пријавил во полиција од која се чека реакција.