Оливера Трајковска е новата директорка на Комисијата за односи со верските заедници

Оливера Трајковска е новата директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни грипи. Дипломираниот теолог и постдипломец по психологија поминала на владина седница како кадровско решение на местото прв човек за координација меѓу верските заедници.

Оливера Трајковска е од Куманово и на оваа позиција доаѓа како кадар на ЗНАМ. Во нејзината биографија пишува дека дипломирала на ПБФ „Св. Климент Охридски“, Скопје.

Пред да дојде на функцијата диретор на КОВЗГ била Надворешен соработник, координатор на духовна академија „Св.Кирил и Методиј, сесловенските просветители“; Фондација за култура и спорт, Општина Куманово, како и надворешен соработник, на фондација „Елеуса“, Струмица (Струмичка епархија), надворешен соработник, Бадникови поворки; Здружение „Бадникови поворки“.

Во својата професионална кариера соработувала и голем број невладини организации.

Трајковска доаѓа на местото на Дарјан Сотировски.