Омикрон им го расипа Божик на илјадници луѓе во Европа и САД, заглавени се на аеродромите

Илјадници луѓе во САД се наоѓаат заглавени по аеродромите, откако стотици летови беа откажани поради заразувањето на персоналот на авио-компаниите со коронавирусот.

Новата варијанта на вирусот, омикрон, стана доминантна во САД, а според извештаите заразниот сој се шири со огромна брзина меѓу популацијата.

Омикрон е присутен и во Велика Британија и во Европа. Токму поради новото избувнување на заразата, голем број на планирани и традиционални прослави по Британија и континентот се откажани, а дел од државите повторно се затвораат.

Холандија, Шпанија и Португалија најавуваат целосно затворање за божикните празници, со што Божик втора година по ред ќе „откажан“ во овие земји. Мерките на здравствена заштита се засилуваат и во речиси сите други европски земји, а на Европејците им се препорачува да не се собираат во поголеми групи за божикната вечера.