Омикрон носи пет пати поголем ризик од реинфекција од делта варијантата

Опасноста од повторувањето на заразата со коронавирусот SARS-CoV-2 е пет пати поголема во случајот на омикрон варијанта во однос на претходната делта варијанта на вирусот, а освен тоа оваа најнова варијанта не покажува знаци дека е помалку поблага од делтата, објави во петокот на лондонскиот Империал Колеџ.

Споменатата високобразовна институција своите заклучоци ги темели на резултатите кои ги добиле британската Агенција за безбеднсот на здравјето и податоците на Заводот за јавно здравје за лицата кои биле позитивни на Covid-19 во периодот од 29-ти ноември до 11-ти декември.

„Не најдовме докази дека омикрон, кога станува збор за тешкиот тек на болеста, е поинаков од делта варијантата“, се наведува во студијата на Империјал Колеџот.

Научниците, меѓутоа, истакнуваат дека податоците за хоспитализациите на пациентите се многу ограничени.

Истовремено заклучиле дека омикрон сојот, земајќи ги предвод статусот на вакцинираноста, возраста, полот, етничката припадност, асимптоматскиот статус, регионот и датумот на примероците, со себе носи пет пати поголем ризик од реинфекција во однос на делта варијантата, односно дека заштитата од повторно заразување со омикрон варијантата на коронавирусот која ја стекнале лицата со прретхондата зараза, изнесува само 19 отсто.

Податоците на Империјал Колеџот се заснова на анализа на 330.000 случаи на инфекција со коронавирусот, меѓу кои се 122.062 случи на делта и само 1.864 случаи на омикрон варијантата. Оваа студија сѐ уште не ја минала стручната рецензија.