Омикрон варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2 се размножува поинаку од другите варијанти во дишните патишта и во белите дробови, објавија во средата научнаците додавајќи дека ова сознание би можело да помогне во предвидувањето на делувањето на омикронот и последиците кои ги остава по здравјето, и според нив се покажало дека оваа варијанта побрзо се размножува во дишните патишта а побавно во самите бели дробови.
Во споредба со претходната делта варијанта, омикрон се размножува 70 пати побрзо во ткивата кои ги обвиваат дишните патишта, што може да го олесни неговото пренесување од лице на лице. Но во белодробните ткива омикронот се реплицира 10 пати побавно од оригиналната варијанта на коронавирусот, што би можело да резултира со развој на помалку тешка форма на болеста.
Во соопштението за медиумите кое го објави Универзитетот во Хонгконг, водачот на студијата др Мајкл Чан Чи-ваи напиша: „Важно е да се напомене дека тежината на болеста која се развива кај луѓето не е одредена само од репликацијата на болеста, туку и од имуносната реакција на поединецот на инфекцијата, која понекогаш развива во воспаление опасно по животот.
Конечната стручна рецензија на официјалниот извештај за резултатите од истражувањето за омикронот е во тек, по што хонконшкиот тим истражувачи ќе го објави во некое стручо меѓународно списание.
„Доколку зарази поголем број луѓе овој многу заразен вирус може да предизвика потешка форма на болеста, па и смрт, иако самиот вирус е веројатно помалку патоген. Оттаму, ако предвид ги земеме резултатите од сите неодамна спроведени студии кои покажуваат дека омикрон делумно може да ги избегне природно стекнатиот имунитет, како и оној постигнат со вакцинирање“, севкупната закана од оваа варијанта многу веројатно би можеле да биде голема“, наведува др Чан Чи-ваи.
Омикрон поцврсто се лепи за клетките
Начинот на кој омикрон се врзува за клетките и антителата фрла нова светлина на неговото однесување и би можело да помогне во создавањето на неутрализирачките антитела, наведуваат научниците.
Користејќи компјутерски модели на протеинот на шилецот на површината на омикрон варијантата, научниците ги анализирале молекуларните интеракции кои се одвиваат кога протеинот на шилецот се врзува за ACE2 рецепторите, што на вирусот му овозможува да продре во клетката.
„Изворниот вирус само се ‘ракувал’ со протеинот АСЕ2, а во случајот на омикрон таа интеракција повеќе изгледа како интереакција на двојка којашто се држи за рацете со испреплетени прсти“, сликовито појаснува Џозеф Лубин од Универзитетот Ратгерс во Њу Џерси.
Молекуларната анатаомија, подвид на микроскопската анатомија која се занимава со идентификацијата и описот на молекуларните структури на клетките, ткивата и органите во организмот, би можела да помогне да се појасни на каков начин мутациите на омикронот „соработуваат“ со што ја помагаат заразата на клетките, додава Лубин.
Тимот начуници направил модел на шилецот со различните типови антитела кои се обиделе да го нападнат. Научниците појаснуваат дека антителата напаѓаат од различни агли, како што одбраната на фудбалски тим го напаѓа играчот кој ја води топката, при што еден го попречува од задгрб а друг однапред. Според Лубин, се чини дека некои антитела во тој процес ќе отпаднат, додека други веројатно ќе останат ефикасни.
Дополнителните ткн „бустер“ дози од вакцините против Covid-19 без сомнение го подигнуваат нивото на антителата, што резултира со поголем број одбранбени фактори, а тоа донекаде би можело да го надомести послабиот притисок на поединечното антитело.
Четворица од десет заразени несвесно го шират вирусот
Заразените лица без симптоми можат значително да придонесат за пренесувањето на SARS-CoV-2, имајќи предвид дека сочинуваат 40,5 отсто од потврдените инфекции во целиот свет, покажуваат резултатите од истражувањето објавено на интернет страницата на списанието ЈАМА.
Научниците ги обединиле податоците од 77 претходно спроведени студии во кои биле вклучено вкупно 19.884 лица по потврдена инфекција со коронавирусот.
Утврдиле дека меѓу заразените имало околу 40 отсто асимптоматски лица. Покрај тоа, откриено се 54 отсто од заразените трудници, 53 отсто патници заразени во тек на патувања со авион или со брод, 48 отсто зарзени корисници на пензионерски домови и 30 отсто заразени во здравствените установи меѓу кои и медицински лица и хоспитализирани пациенти.
Вкупниот процент асимптоматски инфекции во Северна Америка изнесувал околу 46 отсто, во Еропа околу 44 отсто и во Азија 28 отсто.
„Високиот процент асимптоматски зарази укажува на потенцијалниот ризик од асимптоматско пренесување на зараза во заедниците“, објавија Мин Лиу и неговте колеги од Пекиншкиот универзитет.