![Avgansitan hrana](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/Avgansitan-hrana.jpg?resize=696%2C467&ssl=1)
Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) во Авганистан објави дека е присилена во септември да направи кастрења поради големиот недостиг од средства, што дополнително ќе погоди уште два милиона луѓе, се истакнува во соопштението на организацијата.
Со тоа вкупниот број луѓе коишто оваа година се погодени со кастрењата на поддршката од WFP во храна се искачи на десет милиони луѓе во Авганистан.
„Со оние малку ресурси коишто ни преостанаа, не сме во можност да им служиме на сите луѓе кои се на работ на целосна беда“, изјави Хсиао-Веи Ли, директор на WFP во Авганистан.
Кастрењата значат дека 1,4 милиони бремени жени и нивните деца нема да ја добиваат специјализираната храна за спречување на потхранетоста, објави агенцијата.
„За следните шест месеци, на WFP ѝ се потребни милијарда долари за да се обезбедат храна и поддршка за 21 милион луѓе“, додаваат во соопштението.
Во разорениот Авганистан жестоко се чувствуваат последиците од четирите децении судири. Од нив последните две по инвазијата на САД и нивните сојузници, кои по хаотичното повлекување пред две години и враќањето на талибаните на власт во Кабул, ги блокираа авганистанските средства во странство и ги укинаа програмите за помош поради кршење на човековите права, особено на жените на образование и работа.
Од WFP ги повикаа земјите донатори да дадат приоритет на финансисрањето на хуманитарните операции на годшното Генерапнот собрание на ОН во Њујорк оваа есен.