ОН утре ќе апелираат за донации од 2,8 милијарди долари за помош на палестинското население во Газа и на Западниот Брег до крајот на 2024 година, соопшти Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања на палестинските територии.
– Утре упатуваме повик за донации до крајот на годината. Ќе побараме помош од 2,8 милијарди долари за три милиони луѓе на Западниот Брег и Појасот Газа, изјави шефот на таа канцеларија Андреа де Доменико.
Според неа, 90 отсто од таа помош ќе биде испратена во Појасот Газа.