ОН: Бројни тортури и смртни случаи на лица во затворите на талибаните

Kabul, Afghanistan, August 15, 2023. REUTERS/Ali Khara/File photo

Обединетите нации забележаа повеќе од 1.600 случаи на прекршување на човековите права против луѓе приведени од талибанските власти, од кои некои умреле а речиси половина од нив вклучуваат тортура или малтретирање од полицајци и разузнавачи, се вели во извештајот објавен во средата.

Мисијата на ОН во Авганистан (UNAMA) објави дека 18 лица загинале во затвори и полициски притвор во 19 месеци пред јули 2023 година. Талибаните раководат со полицијата и разузнавачките служби откако ја презедоа власта во земјата по хаотичноот повлекување на странските трупи предводени од САД во 2021 година по дваесетгодишната војна.

„Во обидите да се изнудат признанија или други информации, притворениците се изложени на силни болки и страдања, физички тепања, електрошокови, гушења, напнати и неприродни положби на телото и присилно голтање вода, како и врзување очи и закани“, се вели во соопштението на UNAMA во кое се наведуваат примери за какви се обвинуваат и американските специјални служби дека ги применуваат во злогласниот затвор Гвантанамо.

Други прекршувања на правата вклучуваат случаи кога лицата не се информирани за причината за нивното апсење, не им се обезбедува пристап до адвокат или не им се обезбедува соодветна медицинска нега во притворот. Приближно еден од десет случаи на кршење на човековите права се однесуваат на жени. Новинарите и членовите на граѓанското општество сочинуваат околу една четвртина од жртвите.

Талибанското Министерство за надворешни работи, во својот одговор објавен во извештајот, наведува дека бројот на регистрирани прекршувања на човековите права не е точен, особено во однос на бројот на новинари и застапници на граѓанското општество. Министерството вели дека властите и судството работат на зголемување на надзорот и обезбедување усогласеност со одредбите на врховнот водач кои забрануваат тортура или присилно изнудување признание.

ОН рекоа дека одредбите и обезбедувањето пристап до затворите се „охрабрувачки знаци“, но повикаа на повеќе активности за подобрување на ситуацијата.

„Овие документирани случаи ја нагласуваат потребата од итна, забрзана акција од сите. Постои итна потреба да се разгледа поголем ангажман со вистинските власти за да се стави крај на овие практики“, рече Роза Отунбајева, претставник на ОН во Авганистан и шеф на UNAMA.