ОН: Доказите укажуваат дека убиството на Кашоги го испланирале и извршиле саудиски функционери

Истрагата на Обединетите нации за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги објави во четвртокот дека доказите укажуваат дека ова брутално злосторство го „планирале и извешиле“ функционери на Саудиска Арабија.

„Доказите собрани во текот на мојата мисија во Турција, на прв поглед, покажуваат дека г-дин Кашоги е жртва на брутално убиство коешто го испалнирале и извршиле функционери на Саудиска Арабија“, наведува во писмена изјава Ањес Каламар, специјалната иследничка на ОН.

Саудиските функционери 13 дена во октомври минатата година „тешко ги опструирале“ напорите на Турција да го истражи местото на злосторството во саудискиот конзулат во Истанбул, додава Каламар. Додава дека имала увид во „морничавиот аудио материјал“ во врска со убиството на Кашоги до кој дошла турската разузнавачка служба.

Канцеларијата за односи со јавноста на саудиската влада не одговорила на барањето на агенцијата Reuters да го коментира извештајот на истражителката на ОН.

Специјалната известувачка една седмица престојуваше во Турција со група форензички и правни експерти, речиси четири месеци по убиството на Кашоги на 2-ри октомври во саудискиот конзулат во Истанбул, каде дошол да извади документи поради свршувачка со турска државјанка. Тој влегол во конузилатот претпладнето, но до доцна ноќта не излегол од него, по што жената пријавила во турската полиција.

Американските разузнавачка агенции претходно минатата година објавија дека веруваат оди саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Саламн го наредил убиството на новинарот. Официјален Ријад, пак, негира каква и да е вмешаноста во убиството на Кашоги. Според саудиските власти, кои долго молчеа, неговата смрт бла дел од опарацијата за којашто владата не знаела и 11 лица се на судење поради ова злосторство.

Каламар изјави дека „многу се сомнева“ во честно судење во Саудиска Арабија, и официјално побарала посета на оваа монархија. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган тврди и натаму дека налогот за свирепата егзекуција на Кашоги дошзол од највисоките кругови на саудиската влада.

59-годишниот новинар од 2017 година живееше во егзил во САД, а Саудиска Арабија ја напушти по серијата критички текстовои на сметка на принцот бин Салман.

Кашоги беше еден од најпознатите критичари на саудискиот принц кој ги покрена реформите кои ги поздравуваат САД и Западот, меѓутоа започна и пресметки со дел од монархијата, саудиски бизнисмени и особено со дисидентите во којашто се уапсени, многу активисти, интелектуалци и верски лица, пособено од шиитската заедници. Тие, исто така, ја критикуваа и војната во соседен Јемен, во која Саудиска Арабија ја предводи коалицијата на сунитските земји којашто се бори против побунетото шиитско племе Хуси и одментатите војници на претходниот претседател.

Како поранешен уредник на влијателниот весник al-Watan и на истоимениот телевизиски канал, Кашоги со години се сметаше за близок на саудиското кралско семејство и своевремено беше советник на повеќе високи функционери. Но по апсењата не неколку негови пријатели, откажана му е колумната во весникот al-Hayat и наводно е предупреден да престане да користи Twitter. Кашоги ја напушти Саудиска Арабија и замина во САД каде што објавуваше написи во The Washington Post и се појавуваше на арапските телевизиски канали во западните земји.

„Го напуштив својот дом, семејството и работата, но не престанав да говорам. Во спротивно, би ги предал оние коишто лежат во затвор. Јас барем можам да зборувам, додека многу од нив не можат“, напиша во септември 2017 година.