ОН донесоа резолуција со осуда на нападот над Украина

Обединетите нации денеска усвоија резолуција, со која, како што се наведува, се осудува руската инвазија на Украина и се повикува Москва веднаш да ги повлече своите сили од Украина.

За резолуцијата гласале 141 од 193 членови на Генералното собрание, а само пет члена биле против.