![vladimir kara murza](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/vladimir-kara-murza.jpg?resize=696%2C409&ssl=1)
Обединетите нации, Велика Британија и Германија ја осудија во понеделникот пресудената 25-годишната затворска казна за рускиот опозициски новинар Владимир Кара-Мурза и повикаа не негово итно ослободување, додека Кремљ одби да ја коментира одлуката на судот.
Во понеделникот Европската унија силно ја критикуваше одлуката на Русија да го осуди критичарот на Кремљ, Владимир Кара-Мурза на 25 години затвор и ја повика Москва веднаш да ги ослободи сите осудени поради политички причини.
„Денешната безобразно сурова судска одлука уште еднаш јасно ја покажува политичката злоупотреба на судството за притисок врз активистите, бранителите на човековите права и сите оние кои се противат на нелегитимната руска агресивна војна против Украина“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во соопштение за медиумите.
Тој ја повика Русија „веднаш и безусловно да ги ослободи сите затворени поради политички мотивирани обвиненија“.
„Ја повикуваме Русија да ги укине своите репресивни закони, вклучително и оние кои ги цензурираат вистинитите информации за руската војна против Украина и законите за таканаречените ‘странски агенти’ и ‘непожелни организации’ кои се користат само за замолчување на граѓанското општество и независните гласови“, рече Борел.
Борел всушност алудираше на рускиот закон, кој е препишан од законот кој на сила во САД е повеќе од седим децении, кој бара од поединци, организации и медиуми кои се финансирани од странство јавно да го објавуваат тоа и да поднесуваат извештаи за висината и потеклото на финансиите.
Критичарот на Кремљ, Владимир Кара-Мурза, во понеделникот беше осуден на 25 години затвор, што е највисока таква казна од почетокот на руската инвазија во Украина, откако беше прогласен за виновен за предавство и дискредитација на руската војска.
Кара-Мурза, 41-годишен татко на три деца и поранешен новинар со руски и британски пасоши, кој со години ги критикува политиките на претседателот Владимир Путин и континуирано лобира кај странските влади и институции кои го финансираат да воведат санкции кон Русија и поеидинци Руси за наводни нарушувања на човековите права.
Борел тврди дека судењето на Кара-Мурза наводно не ги исполнувало меѓународните стандарди за правично и јавно судење пред надлежен, непристрасен и независен суд и дека судските рочишта не биле отворени за набљудувачи. Меѓутоа, за разлика од она што Брисел го бара од Москва, на руските власти никогаш не им е дозволено да следат судски процеси против руски државјани или компании, ниту, пак, да учествуваат во истраги кои се однесуваат дури и на стратешките интереси на Русија, како што е на пример саботажата со кои беа кренати во воздух двата гасовода Северен тек ланскиот септември во Балтичкото Море.
Сепак, во понеделникот на објавувањето на пресудата за Владимир Кара-Мурза присуствувале 40 дипломати од 25 земји, меѓу кои САД, Велика Британија, Франција и Канада, соопштија за РИА Новости во прес-службата на Градскиот суд во Москва.
„На судската седница присуствуваа 40 дипломати од 25 од следните земји: Кралство Шпанија, САД, Холандија, Нов Зеланд, Канада, Австрија, Германија, Франција, Велика Британија, Шведска, Литванија, Финска, Луксембург, Австралија, Полска, Чешка, Естонија, Данска, Ирска, Латвија, Романија, Белгија, Канада, Италија, Швајцарија“, рекол изворот на агенцијата.
Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Туерк побара „итно“ ослободување на рускиот дисидент Владимир Кара-Мурза.
„Никој не треба да биде лишен од слободата за остварување на своите права и ги повикувам руските власти веднаш да го ослободат. Сѐ додека е во притвор, треба да се однесува кон него хумано, почитувајќи го неговото достоинство“, се вели во соопштението испратено до нагласија медиумите. Неговото убедување е „уште еден удар за владеењето на правото и граѓанското општество во Руската Федерација“, рече тој.
Туерк ја обвини Москва дека го осудила Кара-Мурза „по обвиненија поврзани со легитимното остварување на правото на слобода на мислење, говор и здружување, вклучително и јавна критика за вооружениот напад на Руската Федерација врз Украина“.
Британската влада во понеделникот ја осуди „политички мотивираната казна“ изречена на Кара-Мурза, повикувајќи на негово „итно ослободување“ и најави дека ќе го повика рускиот амбасадор на разговори.
„Обединетото Кралство ќе продолжи да (…) повикува Кара-Мурза да биде ослободен што е можно поскоро“, се вели во изјавата на министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли. Форин Офисот додаде дека во понеделник веднаш ќе го повика рускиот амбасадор Андреј Кељин за да му каже дека пресудата „се коси со меѓународните обврски на Русија за почитување на човековите права“.
Во понеделникот германската влада „остро“ ја осуди пресудата против рускиот опозициски активист.
„Оваа пресуда, како и многу други, има за цел да ги исклучи и спречи критичките гласови“ во Русија, рече портпаролката на германското Министерство за надворешни работи Андреа Сасе на редовната прес-конференција, повикувајќи на „итно ослободување“ на Кара-Мурза, обвинет за „велепредавство“. и ширење „лажни информации“ за руската армија.
„Остро ја осудуваме таквата пресуда. Судењето на Владимир Кара-Мурза покажува дека руското правосудство било злоупотребено против него и многу негови сограѓани и дека репресијата во Русија достигнала неверојатни размери“, додаде Сасе.