ОН ги истакнаа напорите на БРИКС за решавање на кризата на Блискиот исток

Обединетите нации ја ценат помошта за решавање на блискоисточнаа криза и ставање крај на насилстватава, изјави во вторникот портпаролот на генералниот секретар на светската организација Фархан Хак коментирајќи го вонредниот онлајн-самит на групата растечки економии БРИКС посветен на војната на Израел во палестинската енклава Појасот Газа.

„Важни се напорите на секоја група земји, која и да е регионална група или кој и да е сојуз кои придонесиват за постигнување мир и ставање крај на насилствата. Ја цениме оваа насока“, истакна дипломатот на брифингот за новинарите.

Зборувајќи за предлогот на кинескиот претседател Кси Џинпинг за свикување меѓународна конференија за решение на палестинското прашање, Хак истакна дека ова идеа „треба да добие поддршка“.

„Не можеме а зборуваме за земјите (…) Ќе видиме дали (идејата на Кси) ќе ја добие поддршката што ја заслужува, но секакко сакаме сите земји да соработуваат што е можно повеќе за да ги убедат страните во судирот д аги прекинат непријателствата“, заклучи портпаролот на челникот на ОН.

Претходно во вторникот челниците на земјите од групата БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, како и лидерите од земјите кои бараат приклучување на блокот, одржаа вонреден онлајн-сами. Државниците особено ја потврдија потребата од целосно почитување на меѓународното хуманитарно прао на палестинските територии, а исто така ги повикаа страните во конфликтот на прекин на огнот и почетокот на преговори.

Во текот на самитот, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси истанкна дека неговата земја го отфрла принудното раселеување на Палестинците од Појасот Газа. Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, исто така, ги осуди постапките на Израел.

Кинескиот челник Кси Џинпиг истакна дека Кина смета дека прекинот на огнот и ослободувањето на заложниците се приоритет во новата рунда од палестинско-израелскиот конфликт. Неговиот руски колега Владимир Путин, пак, апелираше до меѓународната заедница да ги здружи напорите за деескалација на конфликот на Блискиот исток, истакнувајќи дека државите од БРИКС може да играат клучна улога во тоа.

Путин ја потенцираше дека сличноста на ставовите на членовите на блокот по прашањето за решавање на блискоисточниот конфликт. „Повикуваме на заеднички напори на меѓународната заедниа на смирување на ситуацијата, прекин на огнот и изнаоѓање политичко решение на палестинско-израелскиот судир. А земјите на БРИКС… би можеле да одиграат клучна улога во тоа“, рече рускиот челник.

Онлајн-самитот го свика Јужноафриканската Република, којашто моментално претседава со БРИКС. Покрај споменатите членки, на разни новоа во дискусијата учестуваа и претставници на земјите кои побараа прием а на августовскиот самит во ЈАР блокот се согласи да ги прими следната година Аргентина, Саудиска Арабија, Иран, Етиопија, Египет и Обединетите Арапски Емирати, а во догледна иднина заинтересирани се за приклучување и Турција, Алжир и други земји, кои сметат дека моменталниот светски поредок со кој доминира колективниот Запад претставува кочница за глобалниот економски напредок поради хегемонистичките аспирации на неосновано прогласените таканаречени „развиени економии“.

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза изјави дека не дипломатите од земјите чии челници учестуваа на самитот на БРИКС, досега немале довлоно контакти и време да изработат нацрт-декларација.

„Ги повикавме сите страни на максимална воздржаност. Потврдивме … дека праведното и трајно решени на палестинско-израелскиот судир може да се постигне со мирни средства“, изјави Рамафоса користејќи го наративот на западните земји кога станува збор за конфликти во кои се вмешани страни кои тие ги поддржуваат.

Меѓутоа, западните медиуми истакнуваат дека земјите од БРИКС и другите земји кои бараат придружување на организацијата минатата година, „не успеале“ да договорат заедничка декларација за израелско-палестинскиот конфликт, иако никогаш не беше најавено како можност од самитот.

Во западните медими се наведува дека кинескиот претседател Кси Џинпинг покажувал „повеќе симпатии“ за Палестинците. „Клучната причина за палестинско-израелската ситуација е фактот дека првото на палестинскиот народ на држава, новното право на егзистенција и нивното враќање (на палестинските територии окупирани во 1967 година) предолго се игнорира“, рече Кси.

Западните медиуми, пак, се задржуваат на излагањето на аргентинскиот министер за надворешни работи Сантијаго Кафиеро, кој инаку не учестуваше во делот на изјавите на челниците, кој според Reuters рекол наводно дека Израел на „легитимна самоодбрана со строго поддржување на меѓународното хуманитарно право“. Аргентина инаку е обвинета дека со Иран договорила да премолчи напад врз еврејски цели во Буенос Аирес во 1990-те години.

Во 1990-те години во Аргентина беа изведен два терористички напада во која загинаа повеќе стотина лица. Израелската амбасадата во Буенос Аирес беше нападната во 1992 година, а експлозивната направа сокриена во автомобил усмрти 29 лица. Две години подоцна пред Еврјескиот центар експлодираше камион и притоа беа убиени 85 луѓе.

Поранешната аргентинска претседателка Кристина Елизабет Фернадез де Киршнер во 2017 година беше обвинета за „предавство“, бидејќи наводно во полза на Иран ја оневозможувала истрагата за нападот врз една еврејска организација во кој во 1994 година се убиени 85 луѓе. Обвинителството сметаше дека спогодбата којашто таа ја склучила во 2012 година со Иран им овозможила на иранските осомничени да му избегаат на аргентинското правосудство. Спогодбата предвидувала иранските високи функционери, осомничени дека го организирале нападот врз еврејската заедница во Буенос Аирес, да ги испитаат аргентински судии во Техеран, бидејќи тоа не можеле да го сторат во аргентинската престолнина. Аргентина попусто го бараше нивното екстрадирање. Аргентинскиот парламент ја потвди спогодбата, но Иран на крајот ги почитувал нејзините одредби.

Аргентина е земјата со најбројната еврејска заедница во Јужна Америка, трета по големина во двете Америки и седмо по големина во светот надвор од Израел. Основното еврејско население во земјата сега се проценува на околу 200.000, и речиси уште толку на лица кои го прифатиле јудаизмот, и потекнува од периодот на еврејскиот погром на Иберискиот полуостров во XVI век, а потоа и во раниот XIX век кога се доелуваат од Франција и другите делови на западна Европа, бегајќи пред тогашните социјални револуции и немирите на континентот.

Сепак, многу Евреи ја напуштија Аргентина во 1970-те години во периодот на репресиите на воената хунта, кога масово емигрираа во Израел и во Западна Европа и тоа особено назад во Шпанија, како и во Северна Америка. За време на големиот емиграциски бран во 2000-те години, повеќе од 10.000 аргентински Евреи се населија во Израел.