ОН го предупредуваат Израел: Офанзивата на Рафах може да „доведе до масакр“

Обединетите нации предупредија дека израелската копнена офанзива врз Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа, каде што се засолнија повеќе од милион луѓе, може да „доведе до масакр“.

Израел соопшти дека сака да ги истера милитантите на Хамас од нивните засолништа во Рафах и да ги ослободи израелските заложници и дека прави планови за наводна  евакуација на палестинските цивили.

„Воените операции во Рафах може да доведат до масакр во Газа. Исто така, може да остави и онака кревка хуманитарна операција пред вратите на смртта“, рече шефот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс.

„Ни недостасуваат безбедносни гаранции, испорака на помош и персонал за да ја одржиме оваа операција“, рече тој во изјавата.

„Меѓународната заедница предупредува на опасните последици од каква било копнена инвазија на Рафах. Израелската влада не може да продолжи да ги игнорира овие повици“, нагласи Грифитс.

Преговорите за примирје во Газа во кои учествуваа САД, Египет, Израел и Катар завршија без напредок во вторникот вечерта, додека јакнат повиците до Израел да се воздржи од планираниот напад врз Рафах.

„Искрено се надевам дека преговорите за ослободување на заложниците и некоја форма на прекин на воените дејствија ќе бидат успешни за да се избегне сеопфатна офанзива во Рафах“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за новинарите во вторникот.

„Тоа би имало катастрофални последици.