Обединетите Нации соопшти дека во две свои бази во главниот град на Јужен Судан обезбедува заштита на 10 000 цивили и ги повика завојуваните групи да се воздржат од етничко насилство, пренесе „АФП“.
„Најважно е насилството да не се здобие со етнички димензии“, изјавила специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН, Хилда Џонсон. Според неа, почнувајќи од денес 10.000 цивили, добиле заштита во двете бази на мисијата на ОН.