ОН испраќа тим во Изjум во врска со наводите на Украина за стотици гробници

Високиот комесаријат за човекови права на ОН планира „наскоро“ да испрати тим за проверка на наводите на украинските власти за откривање на стотици гробници во градот Изjум.

„Нашите колеги од Мониторинг мисијата за човекови права во Украина ги проверуваат овие наводи со цел да организираат посета на Изjум со цел да се утврдат околностите во кои загинале овие луѓе“, рече портпаролката на Канцеларијата на високиот комесар, Елизабет Тросел. Таа пред новинарите во Женева изјави дека ситуацијата се следи и дека се надева оти посетата ќе биде наскоро.

Украина денеска објави дека пронашла 450 гробници во Изjум, град североисточно од Харков, кој неодамна беше ослободен од руските сили.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски синоќа изјави дека во Изjум е откриена „масовна гробница“ и дека „сакаме светот да знае што предизвика руската окупација“.