Мерките за социјална изолација поради пандемијата на коронавирусот би можело да резултираат со седум милиони непланирани бремености, покаживаат податоците на Фондот на Обединетите нации за население (UNFPA).
Прекините на синџирите за снабдување би ги направиле контрацептивните средства недостапни за 47 милиони жени во земјите во развој, соопшти споменатата агенција за сексуално и репродуктиво здравје при светската организација.
Анализата на UNFPA, исто така, предвидува дека шест месеци на мерката карантин би можело да резултира со 31 милиони дополнителни случаи на сексуално насилство, имајќи предвид дека жените остануваа во текот на подолги временски периоди дома.
Се проценува дека одложувањето на програмите насочени кон практиките на генитално сакатење на жените (FGM) и детските бракови, поради пандемијата ќе резултира со дополнителни два милиона случаи на сакатења кај жените и нови 13 милиони детски бракови во текот на следната деценија, кои инаку би можело да се спречат.
Иако станува збор за груби процени, овие податоци покажуваат „катастрофални потенцијални последици од пандемијата на коронавирусот за жените и девојчињата ширум светот“, истакнува извршната директорка на UNFPA, Наталија Канем, во сооштението за јавноста.
„Пандемијата ја продлабочува нееднаквоста, доведувајќи дополнителни милиони жени и девојчиња во опасност да ја загубат можноста да го планираат своето семејство и да ги заштитат своите тела и своето здравје. Женското репродуктивно здравје и правата мора да бидат заштитени по секоја цена“, додава Канем.
Агенцијата UNFPA соработува со владите на јакнење на здравствените системи, осигурувањето достапност до клучните услуги, како и потикнување на вклучувањето на заедниците.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, неодмана предупреди на „ужаснувачкиот глобален скок“ на семејното насилство во време на кризата со коронавирусот, и ги повика владите да ги интензивираат напорите насочени кон спречувањето на насилството над жените.