ОН: Најмалку 8.000 жени биле намерно убиени во 2017 година

Најмалку 8.000 жени биле намерно убиени во 2017 година, во сиромашните и во богатите земји, според ОН, се нагласува во извештајот и се поздравува напредокот постигнат од неколку земји што донеле ефективни закони против тоа.

Во 2017 година, една од најлошите статистики во светот е забележана во Ел Салвадор кога станува збор за намерно убиство на жени – 13,9 на 100.000 беа убиени, според податоци на Одделот на ОН за борба со дрога и криминал. Следуваат Јамајка (11 на 100.000), Централна Африканска Република (10,4, податоци за 2016 година), Јужна Африка (податоци од 9,1, 2011 година) и Хондурас (8,4 во 2017 година).

Од 87.000 жртви во 2017 година, 57 проценти (50.000) беа убиени од „сопружници или членови на семејството“, што претставува „мало зголемување“ во однос на 2012 година, според ОН.

Повеќе од една третина од жените (30.000) се убиени од поранешни или сегашни сопружници, „некој на кого треба нормално да му веруваат“.

За 38 отсто од убиствата на жените се одговорни нивните машки партнери, потврди Светската здравствена организација (СЗО) на крајот на 2017 година.

Тие убиства „не се генерално резултат на спонтани или изолирани дејства, туку акумулација на родово насилство“ и „посесивност, љeубомора и страв од напуштање“.

Азија го држи рекордот со најголем број жени убиени од нивните сопружници или членови на семејството  – (20.000) во 2017 година, а потоа следат Африка (19.000), Северна, Централна и Јужна Америка (8.000), Европа (3.000) и Океанија (300), според податоците на ОН.

Жените во Африка имаат најголем ризик да бидат убиени од нивните партнери или членови на семејството – 69 проценти.

Најголем проблем во Азија се и убиства на жени заради конфликти околу мираз, особено во Индија и Непал.

Голем проблем е и силувањето на жените во воените конфликти, кое се користи како „воено оружје“ за тероризирање на цивилите и уништување на социјалната структура.

Во 2014 година, Исламската држава изврши потенцијален геноцид против Јазидите во северозападниот дел на Ирак и претвори илјадници нивни жени во сексуални робови.

Повеќе од 6400 језиди биле киднапирани и само 3300 успеале да избегаат или биле спасени. Пронајдени се повеќе од 70 масовни гробови.

На истокот на ДР Конго, во регионот Киву, жените и девојчињата честопати биле жртви на сексуално насилство за време и на маргината на конфликтот што се води во оваа област веќе 25 години.

Шпанија беше меѓу првите што донесе посебен закон против таа појава, формираше специјализирани судови и воведе електронски нараквици за да спречи агресорот да се приближува до жртвата. Земјата редовно беше истакната како пример заради нејзините напори за борба против убиството на жените уште од 2000 година.

Во 2018 година, 48 жени беа убиени и 46 од почетокот на 2019 година, додека 71 година беа убиени во 2003 година.

Во Канада, усвоени се акциони планови во десет провинции против насилство врз жените. Невладините организации ги поздравуваат полициските програми за образование.

Но, на секои шест дена во таа земја, една жена е убиена од нејзиниот сопружник.

Повеќе од 6.000 жени и деца спијат во засолништа секоја вечер за да избегнат семејно насилство.

Семејното насилство, што се намалува од 2009 година, во 2017 година однесе 313 жртви на 100.000 жители, според Националниот институт за статистика.