Обединетите нации очекуваат дека руските воени операции во Украина ќе предизвикаат егзодус на десет милиони луѓе.
Од оваа бројка околу четири милиони луѓе би можеле да побегнат во соседните држави, но тоа е само првична процена, изјави портпаролот на генералниот секрететар на Обединетите нации, Стефан Дужарик.
Засега на агенциите на светската организација не им е познато колку луѓе се внатрешно раселени во Украина и колку уште ќе бидат раселени.
Од Украина веќе побегнале милиони луѓе во седмицата откако започна руската офанзива, изјави високиот комесар за бегалци при ОН, Филипо Гранди.
„Тоа е најбрзиот егзодус којшто го имам видено во 40-те години работа. Секој час, секоја минута, преплашени луѓе бегаат пред насилството“, додаде Гранди.
Според официјалните податоци од милиони бегалци од Украина, 575.000 привремено засолниште нашле во соседната Полска.