ОН: Околу илјада поморци се блокирани на трговски бродови во украинските води

Две агенции на Обединетите нации упатија повици за помош за околу илјада поморци се блокирани на трговските бродови во украинските води.

Меѓународната поморска организација (IMO) и Меѓународната организација на трудот (ILO) предупредија дека ситуацијата „станува неодрлжлива“, наведувајќи ги ризиците кои ги претставуваaт војната и недостигот од храна, горива, свежа вода и други основни потребно.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Лекари без граници и Агенцијата на ОН за бегалци се замолени да помогнат во снабдувањето на бродовите, во заедничкото соопштение.

„Бродовите кои се наоѓаат во опколениот пристанишен град Мариупол особено се загрозени“, се истакнува во соопштението без да се наведе причината за тоа.

Агенцијите објавија дека до 30-ти март се пријавени 86 трговски бродови блокирани во украинските пристаништа и води, со околу илјада поморци.

Во тек е воспоставување бебзедносен коридор во Црното и во Азовското Море, велат од IMO и ILO.

„Меѓутоа, воспоставувањето на таквиот коридор сериозно е отежната од безбедносни ризици, кои ја огранучуваат можноста за испловување на бродовите во Украина“, се додава во соопштението повторно без да се конкретизираат ризиците.

Русија кон средината на март предупреди дека подводните мини во Црното Море, поставени од украинската армија околу пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни, би можеле да стигнат до Босфор, па дури и до Средоземното Море.

Русија во саботата предупреди на поморски мини кои украинската воена морнарица ги поставила во целото Црно Море, по почетокот на руската офанзива во Украина на 24-ти февраури, а кои би можеле да отпловат неконтролирано до Босфор или дури до Средоземното Море.

Според овие податоци, станува збор за околу 420 застaрени мини произведени во првата половина од минатиот век, и се предупредува дека бурите влијаеле врз кинењето на каблите кои ги поврзуваат мините со котвите и оти поради површинските морски струи кои се движат во јужна насока не е ислкучено плутање и придвижување на мините кон Босфорот, а потоа и кон морињата во Средоземноморскиот басен.

Три вакви објекти веќе беа откриени од турската морнарица, два во водите на Босфорот а еден во близина на поморската граница со Бугарија.