
Претставничката на ОН во Авганистан, Роза Отунбаева, предупреди дека најверојатно, поради тоа што талибанските власти не ги почитуваат правата на жените, ќе има намалување на помошта и инвестициите во развојот на земјата, каде што жените се исто толку исплашени.
„ОН апелираа до Авганистан во 2023 година да собере голема сума помош во вредност од 4,6 милијарди, што е неопходна за опстанок на две третини од населението, околу 28 милиони луѓе“, рече Отунбаева.
Сепак, таа предупреди дека помошта за Авганистан е доведена во прашање во Советот за безбедност на ОН поради ограничувањата на жените од страна на талибанските власти и забраната за посетување средни училишта и универзитети, посета на паркови и професионално работење.
(МИА)

