
Бројот на бегалците и внатрешно раселени лица во 2014 година бил на рекордно ниво – 59,5 милиони луѓе, што е за 8,3 милиони повеќе отколку во 2013 година. Тоа се наведува во извештај на УНХЦР.
Минатата година секој ден во просек 42.500 луѓе биле принудени да ги напуштат родните места. Русија е на прво место во светот по адресирани до властите молби за азил – речиси 275 илјади во 2014 година, се вели во документот, пренесува МИА.
Високиот комесар на ОН за бегалци, Антониу Гутериш истакна дека хуманитарните организации се немоќни да се справат со ситуацијата.
– Немаме можности, ресурси за сите жртви во конфликтите…Очекуваме зголемен број раселени лица и бегалци во крајот на годината, изјави тој.
Бројот на бегалци се зголемува особено по 2011 година заради сирискиот конфликт. Во Сирија има 7,6 милиони внатрешно раселени и 3,88 милиони бегалци до крајот на 2014 година. Авганистан – 2,59 милиони бегалци и Сомалија вкупно 1,1 милиони бегалци.
Во 2014 година само 126.800 бегалци успеале да се вратат во сопствениот регион – тоа е најниска цифра во изминатите 31 година.