![ban ki mun](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/ban-ki-mun.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун ја поздрави одлуката на сириската опозиција да земе учество во мировната конференција за Сирија, „Женева-2“, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
Бан Ки Бан изрази надеж дека бунтовниците ќе успеат брзо да формираат репрезентативна делегација.
„Ова е храбар и историски чекор во интересите на политичкото решавање на тригодишниот конфликт во Сирија“, изјавил генералниот секретар на ОН.