ОН со покана до Иран за учество во сириските мировни преговори

Обединетите Нации формално го поканија Иран да учествува во долгоочекуваните сириски мировни преговори, што ќе започнат во среда во Швајцарија, пренесе „Гласот на Америка“.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун истакнал пред новинарите дека според него Иран мора да биде дел од решението на сирискиот конфликт, а исто така министерот за надворешни работи, Џавад Зариф дал уверување дека Иран ги разбира условите на преговорите.

„Со министерот за надворешни работи Зариф дојдовме до заеднички заклучок дека целта на преговорите е со взаемна согласност да се формира преодна Влада со полни овластувања. Министер Зариф истакна и дека Иран ќе одигра позитивна и конструктивна улога во Монтре“, изјавил Бан Ки Мун.