ОН со сателити ќе пронаоѓа истекување на метан

Програмата на Обединетите нации за природна средина (UNEP) објави во петокот дека ќе воспостави јавна база на светското истекување на метан коешто ќе биде регистрирано од вселенски сателити, што ќе претставува нова иницијатива за поттикнување на компаниите и владите да ги намалат емисиите на овој гас кој е обвинет дека го предизвикува ефектот на стаклената градина и загревањето на планетата.

Новиот систем наречен MARS е резултат на ветувањата коишто минатата година ги потпишаа 119 држави за емисиите на метанот оваа деценија да се намалат за 30 отсто. Научниците истакнуваат дека оваа цел е клучна во борбата против климатските промени.

„MARS е голем чекор во помагањето на владите и државите да ја постигнат оваа важна, краткорочна климатска цел. Редукцијата на емисиите на метанот може да донесе побрза и голема промена, бидејќи овој гас ја напушта атмосферата многу побрзо од јаглерод диоксидот“, изјави Ингер Андерсен, извршна директорка на UNEP во соопштението до климатскиот собир COP27 во Египет.

Метанот е безбоен запалив гас без мирис кој најмногу се создава на ѓубриштата, во земјоделието, сточарството и при вадење на нафтата и гласот. Според количеството, по јаглерод диоксидот, е вториот најприсутен ткн стакленички гас во атмосферата и е одговорен за четвртина на загревањето на планетите, според наводите на поддржувачите на теоријата дека човекот и неговите активности придонесуваат за климатските промени.

На глобално ниво, метанот е одговорен за околу 30 отсто од загревањето на планетата, тврдат ОН. Иако метанот е 80 пати посилно ја загрева планетата отколку CO2, тој од атмосферата исчезнува за две децении, додека јаглерод диоксидот се задржува со стотици години, и затоа се смета дека неговата редукција же има побрз ефект врз загревањето.

Системот MARS ќе ја користи постојната мрежа од сателити за да се детектира метанот ширум светот, и ќе одредува колку е големо истекувањето, како и ќе ги идентификува одговорната компанија и влада, соопштија од UNEP.

Опсерваторијата на програмата потоа тие информација ќе ја споделуваат со одговорните учесници за да го поправат истекувањето. По периодот меѓу 45 и 75 дена, опсерваторијата во базата на податоци ќе ги објави информациите за истекување, како и одговорите на компаниите и владите.

Системот прво ќе биде насочен на светските нафтени и гасни постројки, едни од најголемите извори на метан, по што ќе се премина на индустријата на јаглен, отпадите, сточарството и производството на ориз.

Иницијативата делумно ќе ја финансираат САД и Европската унија со фондациите на основачот на „Amazon“, Џеф Безос, и Global Methane Hub.