ОН: Стотици цивили во Украина погубени од почетокот на војната

Стотици цивили се погубени по куса постапка во првите месеци од украинската агресија на Украина, што се сведува во категоријата „воени злосторства“, тврдеше во четвртокот Високиот комесар за човекови права при Обединетите нации, Вокер Тирк.

Истражната комисија на ОН направила список со 441 погубување и убиство без судење во три украински региони од 24-ти февруари до 6-ти април, истакна Тирк претставувајќи го извештајот пред Советот за човекови права при (HRC) на ОН.

Не постои извештај за ситуацијата во оваа сфера во другите украински региони, населени со претежно со руско население, во истиот период, како ниту за периодот од март 2014 до 24-ти февруари годинава, во кои се водеа борби меѓу украинската војска и проруските сепаратисти во Доњецк и Луганск.

Во споменатиот период од крајот на февруари до почетокот на април годинава, како што тврди Тирк, документирани се убиства на 341 маж, 72 жени, 20 момчиња и 8 девојчиња во 102 градови и села во регионите Киев, Чернигов и Суми.

„Вистинските бројки веројатно се и поголеми и работиме на проверка на уште 198 други убиства во тие региони. Имаме цврсти докази според коишто тие убиства по куса постапка претставуваат воени злосторства против цивилното население. Во некои случаи руските војници убивале цивили во импровизирани затвори. Некои цивили ги убивале на самото места на влез во нивниот дом или во нивните дворови, куќи, дури и кога жртвите ги подигнале рацете во знак на предавање и не преставувале никакви закани“, рече Тирк.

Мажите и момчињата сочинуваат 88 отсто од сите жртви „што упатува на тоа дека тие биле приоритетни цели поради својот пол“, тврдеше Тирк и додаде дека од руските оклопни возила и други воени возила било пукано врз цивили во нивните домови.

„Високиот комесар продолжува да гои документира кршењето на правата на цивилите во зоната на судирите сторени по периодот кој е предмет на денеска претставениот извештај“, рече Тирк.

Истражителите на ОН на 23-ти септември ја обвинија Русија дека наводно направила „голем број воени злосторства“ во четирите украински региони во првите седмици од инвазијата. Оценија дека е прерано да се зборува за злосторство против човечноста, со што зазема различен став со западните невладини организации и власта во Киев.

Москва ги отфрли овие обвинувања како пристрасни и недокументирани, и повтори дека цели не се цивилите и оти станува збор за некои локации на кои воопшто немало руски единици, како и дека станува збор за инсценирани случаи од страна на украинските и западните тајни служби и западните медиуми. Како пример го наведуваат случајот со киевското предградие Буча каде што наводно беше откриена масовна гробница со цивили посочувајќи дека истиот ден откако руските војници се повлекоа од градот украинскиот градоначалник објави фотографи од населбата на кои нема жртви и воопшто не ги споменува, а дури по четири дена беа објавени фотографии од истото место на кое се гледаат лешеви по улиците.