ОН: Светското производство на кокаин достигна незапаметени нивоа

Одгледувањето кока пораснало за 35 отсто во период од 2020 до 2021 година и достигнало нов рекорд, според извештајот на Обединетите нации во кој се предупредување на нови крстосници на дрогите на југоистокот од Европа и во Африка.

Во 2021 година коката се одгледувала на повеќе од 300.000 хектари во Колумбија, Перу и Боливија, трите држави во светот кои имаат најголеми полиња засадени со ова растение, се наведува Бирото на ОН за дроги и криминал (UNODC) чие седиште е во австриската престолнина Виена.

Лисјата од кока хемичарите ги мешаат, меѓу другото и со есенција, вар, цемент и амониумов сулфат за да ја добијат белата смеса. Потоа таа смеса се збогатува во други лаборатории со коктел од киселини и разредувачи и станува кокаин.

Во 2020 година производството на кокаинот било зголемено за повеќе од 2.000 тони, што е без преседан, се наведува во извештајот. По привремените нарушувања предизвикани од пандемијата на Covid-19, светската понуда на кокаинот „доживеа спектакуларен подем“.

Покрај ширењето на површините засеани со кока, во извештајот на UNDOC порастот на понудата се толкува и со „подобрување на процесот на преработка на лисјата во кокаин“.

Покрај тоа, бирото на ОН предупредува и на растот на побарувачката на белиот прав во изминатите десет години, а за што јасно сведочат количествата запленета дрога без преседан, речиси 2.000 тони во 2021 година.

Кога прокриумчарената дрога ќе излезе од пристаништата и ќе биде поделена, до 40 отсто, следува „уличната“ продажба „на мало“ за околу 70 евра за грам. Побарувачката и натаму е најголема во добростоечките слоеви во Америка и некои делови од западна Европа.

„Оваа експлозија би требало кај сите да ѕвони на тревога“, оценува директорката на UNODC, Гада Вали.

Централна и западна Африка играат сѐ поважна улога како зони на транзитот на кокаинот, но сѐ повеќе од оваа дрога минува и преку териториите на Турција и на Грција.

Консумирањето на „крекот“, познат и како „дрога на сиромашните“, дериватот од кокаин кој се пуши и создава голема зависност, веќе е добро документирано во Велика Британија, но статистиките сега покажуваат „огромен раст“ на одвикнување во Белгија, Франција и Шпанија.

Натаму, во извештајот се предупредува и дека војната во Украина влијаело на патиштата на движење на дрогите.

„Можно е странските криминални групи, коишто претходно ги користеле украинските пристаништа за да ги избегнат контролите во западна Европа, сега својата активност ја преместуваат кон други пристаништа на Црното Море, во Романија и во Бугарија“, напомнуваaт од UNOC.