Многу е рано да се каже дали горeштините, кои ја погодија Западна Европа и се движат кон исток, се поврзани со климатските промени, соопшти денеска Светската метеоролошка организација, пренесе МИА.
– Топлотниот бран продолжува. За да заклучиме дека тоа се должи на климатските промени потребни ни се повеќе детали и анализи, премногу е рано да се тврди тоа, изјави портпаролката на специјализираната служба на Обединети нации, Клер Налис.
Таа посочи дека експертите прогнозираат во наредните години да зачестат топлотни бранови, како и да бидат подолги и посериозни.
– Ќе биде многу топло уште неколку денови. Но, Европа сега е подобро подготвена отколку во 2003 година. Топлотниот бран се очекува бавно да се придвижи кон Источна Европа, посочи Налис.
Во понеделникот Швајцарија и Полска објавија тревога од четврти степен (од петте можни) поради топлото време.