Обединетите нации во вторникот предупредија дека наводното уништување на браната Каховка на реката Дњепар ќе има огромно влијание врз светската безбедност на храната, дека ќе ја зголеми нејзината цена и би можело да го загрози пристапот до водата за пиење на стотици илјади луѓе.
Браната над градот Нова Каховка, кој е под контрола над руските сили од почетокот на инвазијата од 24-ти февраури 2022 година, беше пробиена во утринските часови на 6-ти јуни, ослободувајќи големо количество вода акумулирано таму откако претходно украинските власти ги ослободија водите од погорните акумулации, преплавувајќи дел од југот на Украина подделен меѓу руските и украинските сили.
Русите тврдат дека попуштил горниот дел од браната како резултат на украинските гаѓања почнати уште ланскиот ноемри, кога функционерите на Киев тврдеа дека стратегијата е да се потопат воената опрема и да се удават руските војници низводно по Дњепар кои држат и сега поголем дел од регионот Херсон. Украинците, пак, тврдат дека Русите наводно ја предизвикале експлозијата за наводно да ја спречат украинската противофанзива.
Непознато е како е како норвешките сеизмолози од оддалеченост од неколку илјади километри успеале да регистрираат експлозијата која наводно го предизвикала пробивањето на браната. Американските сателити, како што тврди Вашгинтон, регистрирале екслозија, но засега САД се воздржуваат да ја наложат вината врз некоја од завојуваните страни.
Комесарот за одделот за хуманитарни прашања при Обединетите нации, Мартин Грифитс за британски BBC изјави дека влијанието на оваа катастрофа врз светската безбедност на храната би можело да биде значително.
„Тоа е житници, целата област низвнодино, кон Црното Море и Крим, житница не е само за Украина, туку и за светот“, рекол Грифитс.
„Веќе сме соочени со тешкотии по прашањето на безбедностан на храната, но нејзините цени сега, убеден сум, ќе растат. Речиси неизбежно е да видиме огромни, огромни проиблеми при жетвата и сеидбата следната година. И поради тоа, ќе имаме огромно влијание врз безбеноста на храната, тоа ќе се случи“, предупредува Грифитс.
Русија и Украина се двата клучни светски производители на храна и најголемите играчи на пазарите на житарките и сончогледово масло.
Грифитс вели дека за резервоарот за водја кој браната го држелза за вода за пиење зависеле 700.000 луѓе. Вели дека без чиста вода им се закануваат болести, а најранливи се децата.
Проруските власти во делот на Херсон кој исто така е поплавен објавија дека водата до крајот на работната седмица ќе се повлече, како дека вршат дератизација на теренот и обезбедуваат вода пиење, а од понеделникот во своите домови се враќаат жителите на градот Нова Каховка, веднаш под браната.
Грифитс вели и дека штетата од овие димензии нанесена на цивилната инфраструктура во целост е во спротивност со меѓународното хуманитарно право, вклучително и Женевската конвенција.
„Тоа е очигледно. Кој и да го сторил тоа, ја прекршил Женевската конвенција“, заклучува Грифитс.