ОН усвоија резолуција за јакнење на ефикасноста на Сините шлемови

Советот за бебедност при Обединетите нации едногласно ја усвоил во петокот рзолуцијата којашто ја предложија САД за јакнење на ефикасноста на Сините шлемови и остро санкционирање на нивните неуспеси во заштитата на цивилите во мировните мисии.

Последните години неколку мировни операции беа скандализирани со афери за сексуално злоставување и недејствување додека на цивили им се заканувале вооружени групации, особедно во Централноафриканската Република и во Јужен Судан.

Резолуцијата, којашто беше критикувана од Русија која смета дека во нејзиното составување не биле вклучени многу земји од коишто доаѓаат единиците во Сините шлемови, предвидува во случај на повреди на договорот замена или отповикување на контингентите.

Некои од овие мерки беа применувани во минатото, но авторите на оваа резолуција тврдат дека со неа тие се систематизирани. Текстот ги поздравува и специјалните истраги кои се на располгање на генералниот секретар на ОН и ја истакнува потребата да бидат транспарентни, рекле дипломатски извори за AFP.

По критиките, особено од земјите кои значително учествуваат во 14-те моментални мировни мисии на ОН, кои мобилизираат околу 100.000 „Сини шлемови“ во светот, текстот беше повеќепати поправан во текот на преговорите, додале изворите.

Во сегашните мировни мисии учествуваат само неколку десетици американски „Сини шлемови“, но САД даваат најголем финансиски придонес со 6,7 милијарди долари, и поради тоа Вашингтон го посакуваше усвојувањето на резолуцијата, рекол неименуван дипломатски извор.