ОН вели дека помошта за настраданите во земјотресот во Сирија не смее да се политизира

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Ото Педерсен, потенцира дека итната реакција во Сирија „не смее да се политизира“ по „еден од најкатастрофалните земјотреси што регионот ги видел во околу еден век“.

Обединетите нации денеска соопштија дека добиле гаранции дека помошта денеска ќе стигне до областите уништени од земјотресот во северозападна Сирија преку единствениот овластен премин од Турција.

„Денеска добивме уверување дека ќе можеме да ја добиеме првата помош“ преку преминот Баб ал-Хава, изјави во Женева специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен.