„ОНЕ“ донира хуманитарни пакети по повод Рамазанскиот празник

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ донира пакети со храна на хуманитарната организација `Хилал`, во пресрет на најголемиот муслимански празник, Рамазан Бајрам и по повод едномесечниот Рамазански пост.

Пакетите се наменети за  120 социјално загрозени семејства и истите содржат основни прехранбени артикли како масло за јадење, шеќер, брашно, ориз, тестенини, сол.

Во име на телекомуникацискиот оператор ОНЕ, донацијата ја предаде Директорот за маркетинг и односи со јавност, Виктор Доневски.

– И оваа, како и минатата година ОНЕ донира пакети за социјално загрозените семејства со цел да им овозможи достојно да го прослават најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам. Рамазанското време е време на добрина и дарување, а ОНЕ е компанија која секогаш им помага на ранливите категории на граѓани`, изјави тој.