Телекомуникацискиот оператор ОНЕ донираше противпожарна опрема за потребите на противпожарната единица на Општина Тетово. Донацијата има за цел дополнување и обнова на постоечката и застарена опрема, подобрувањето на условите за работа на единицата во случај на пожар или друг тип на елементарни непогоди. Донацијата се состои од:
една лифт столица за транспорт по скали
два ултра тенки транспортни даски против повреди на кичма
три имобилизатори за глава, кои се монтираат на даска
три имобилизатори на нозе, кои се монтираат на даска
десет комплета за реанимација
десет огноотпорни ќебиња
Главниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол официјално ја предаде донацијата на градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи при што изјави:
“ОНЕ е компанија која постојано вложува во заедницата. Поддржуваме проекти од различен карактер, но ни претставува особено задоволство кога можеме да помогнеме. Ова не е прва донација на ОНЕ во Тетово, но без сомнение е меѓу позначајните. Уверен сум дека оваа донација ќе ја олесни работата на тетовската противпожарна единица и ќе допринесе за што поголема безбедност на граѓаните на Општина Тетово.”
„Територијалната противпожарна единица има многу важна улога во зачувување на безбедноста и имотот на граѓаните. Покрај општина Тетово, оваа единица со своите услуги ги покрива и околните општини и токму затоа оваа донација од ОНЕ е добредојдена, особено во овој летен период кога и можноста од пожари е поголема,” изјави градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.
ОНЕ е општествено одговорна компанија и една од најнаградуваните компании за своите општествено одговорни практики.