Џони Деп ќе добие награда за животно дело на филмскиот фестивал во Рим

Актерот Џони Деп ќе ја добие наградата за животно дело на флимскиот фестивал во Рим што ќе се одржи на 16-ти и 17-ти октомври, објави Hollywood Reporter.

Актерот последен пат престојуваше во Италија во 2018 година кога настапуваше како музичар со својот бенд The Hollywood Vampires,во коj чллнуваат и Алис Купер и Џое Пери од прославените Aerosmith.

Џони Деп, исто така, ќе дебитира со својот режисерски проект на фестивалот во Рим – „Modi, Three Days on the Wing of Madness”,посветен на трубулентниот живот на уметникот Амедео Модилијани во Париз во 1916 гоина. Во филмот играат Рикардо Скамаркио, Ал Пачино и Антониа Десплат.

Филмот ќе биде прикажан во Рим по неговата премиера на фестивалот во баскиски Сан Себастијан

На 19-то издание на фестивалот во Рим ќе бидат присутни и режисерот Френсис Форд Копола и Виго Мортенсен кои ќе добијат специјални награди.