![mila carovska so maska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/mila-carovska-so-maska.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Одговарајќи на новинарско прашање дали е направен анализа како се спроведува наставата во основните и средните училишта, бидејќи националната платформа не се користи во целост, министерката Царовска, рече дека редовно ја известуваат јавноста со какви предизвици се соочуваат во ваква година со која се зафатени сите светски држави поради пандемијата со ковид-19.
– Во неколку наврати кажав дека 90 проценти учениците и наставниците без никаков проблем ја спроведуваат он-лајн наставата. Првото тромесечие помина без никакви поголеми проблеми, оценувањето се заврши. Во петокот имав состанок со сите директори на сите основни и средни училишта, кои не кажаа дека постоеле предизивици, а доколку имало тие ги надминале заедно со наставниците и со дел од семејствата, колку што требало да се направи оценување за физичко присуство – вели министерката.
Таа додава дека кај дел од училиштата биле проведени отворени денови за консултација со учениците за да може да се надополни знаењето кое што можеби било испуштено поради следење на наставата преку телевизија.
Од останатите со физичко присуство Царовска сподели бројки дека позитивни ученици на ковид-19 досега се 76, додека наставници биле 167. Ова укажува дека протоколите во целост се спроведуваат и дека засега нема интерно ширење на коронавирусот во училиштата.
– Поради тоа образовниот систем треба да продолжи да работи на начинот на кој беше започната учебната година или по планот и календарот кој што беше усвоен на влада и објавен во Службен весник – дополни Царовска.