Државниот инспекторат за животна средина денеска ја презентираше онлајн платформата која овозможува пријавите кои ќе пристигнуваат од граѓаните по различни електронски канали (Фејсбук, е-адреси, веб страници) да стигнуваат на едно место, да бидат поефикасно распределени до надлежните инспектори, полесно да се следат случаите на загадување и подобро да се координираат инспекторите при извршување на задачите, како и да им одговорат на граѓаните кои поднеле пријава дали и како постапиле по пријавите.
Пријавувањето е едноставно со испраќање порака преку Фејсбук страницата на Државниот инспекторат за животна средина, е-адресата [email protected], веб-страницата www.sei.gov.mk и преку полето Пријави на е-Мапата на загадувачи www.mapanazagaduvaci.mk. Во пријавата граѓаните треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат, да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку можат да испратат слика или видео и да остават нивни податоци (име и презиме, телефонски број или е-адреса) за да можат инспекторите да ги исконтактираат.
Директорката на ДИЖС потенцираше дека со платформата, пријавите да стигнуваат на едно место, ќе бидат поефикасно распоредени до надлежните инспектори, полесно ќе се следат случаите на загадување и подобро ќе се координираат инспекторите при извршување на задачите, како и при одговор на граѓаните кои поднеле пријава дали и како постапиле по пријавите.
Петровска истакна дека со цел да бидат поефикасни при решавањето на случаите, треба граѓаните да им даваат повеќе инструкции, наведувајќи дека со платоформата имаат можност директно да комуницираат со граѓаните.
– Платформата за пријавување за загадување треба да ја подобри соработката на ДИЖС со граѓаните, да овозможи подобра координација при инспекцискиот надзор на државно и локално ниво и да обезбеди поголем увид во работењето на инспекторите на терен, изјави Петровска.
Платформата за пријавување за загадување треба да ја подобри соработка на Државниот инспекторат за животна средина со граѓаните, да овозможи подобра координација при инспекцискиот надзор на државно и локално ниво и да обезбеди поголем увид во работењето на инспекторите на терен.
Платформата е изработена во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“, која е финансирана од Британската амбасада во Скопје.