Националната платформа за онлајн настава предизвикува загриженост кај некои наставници. Тие велат дека се соочуваат со разни потешкотии за време на обуката, особено оние кои немаат технолошка опрема или користењето на оваа платформа ја учат преку телефон.
Деновиве се одвива обуката на наставниците за користење на платформата, но освен повозрасните, со потешкотии и проблеми се соочуваат и помладите наставниците. Тие стравуваaт дека ќе страда нивната работа и успех затоа што, како што велат, нема навреме да ја совладаат платформата, додавајќи обука која треба до трае шест месеци на нив им е скратена на три дена.
Дел од нив велат: „Не е можно до стартот на учебната година да научиме да работиме на платформата. Денеска имавме обука и цел ден учевме само како да ставиме пасворд. Има и наставници што се приклучуваа од телефони, а кај нив посебно бавно се одвиваше обуката. Обука која треба да трае шест месеци ние треба да ја поминеме во три дена. Невозможно е да ја совладаме.“
Повозрасните, пак, велат: „Оваа платформа е тешка за нас постарите, но се надеваме дека ќе успееме до крајот со помош на координаторите што ги имаме, верувам дека нема да имаме многу проблеми.“
„Се соочуваме со платформа со многу непознати. Ќе се обидеме и потрудиме максимално да ја совладаме за да можеме во иднина да ја спроведуваме и да соработуваме со децата“, вели друг наставник.
За постоењето на овој проблем е свесна и министерката за образование, Мила Царовска. Таа во емисија на телевизија Алсат истна дека не терба ада имаме илузии дека учебната година ќе биде совршено организирана. Како што вели таа, независно од постоењето на Националната платформа за онлајн образование, има и други фактори коишто се прадизвик за системот.
„Дали сите наставници имаат доволни дигитални вештини – не, дали сите ќе се снајдат веднаш – не, сѐ се тоа одговори коишто ни даваат за право да кажеме дека – да, сме направиле чекор плус во дигитализација на образованието и пристап до образование за децата, но дека ќе биде совршено не треба да има никој таква илузија“, рече Царовска.
Обучувачите, од своја страна, пак, велат дека користењето на платформата е релативно лесно, но оти има проблеми, како, на пример, тоа дека на истата ги нема сите предмети.
Националната платформа за учење од далечина, беше презентирана минатата недела и таа треба да им овозможи на ученикот преку телефон или компјутер да има визуелен пристап со училницата и наставникот. Инаку платформата ќе работи на пет јазици.