Британскиот премиер Борис Џонсон побара во средата на 15-ти октомври да се одржат предвремени парламентарни избори, откао пратениците кои сакаат да го спречат излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија без договор на 31-ви октомври му нанесоа пора во поарламентот, кој тој го оцени како обид да се изврши предваство во полза на Брисел.
Опозициските пратени и побунетите пратеници на владејачките конзервативци во вторникот, во првата фаза од нивниот обид да се спречи брегзитот без договор, го поддржаа предлогот кој им овозможува да ја преземат контрлата над составувањето на агендата на парламентот, што инаку е задолжение на владата. Благодарејќи на прифаќањето на овој предлог, противниците на премиерот Борис Џонсон ќе можат во средата да го претстават нацрт-законот кој би го обврзал премиерот да побара од ЕУ ново одложување на брегзитот до 31-ви јануари 2020 година, доколку не дојде до никаков договор за излегувањето следните седмици. Долниот дом за ова би требало да гласа во средата навечер.
За предлогот кој ги поднесоа опозициските партии и побунетите „ториевци“, предупредени дека ќе бидат исклучени од партијата доколку не ја поддржат владата, гласаа 328 пратеници, а 301 беа против. Дури 21 конзервативец, меѓу кои и неколку министри од поранешната влада, им се приклучија на опозициските партии, по што беа исклучени од владејачката Конзервативна партија. Меѓу нив се и Николас Сомес, внук на британскиот премиер од Втора светска војна, Винстон Черчил, и двајца поранешни министри за финансии, Филип Хамонд и Кенет Кларк.
Предавство
Џонсон овој бунт го оцени како обид за предавство во корист на Европската унија, и вети дека во ниеден случај нема да го одложи брегзитот кој е предвиден за 31-ви октомври, и ги повика лидерот на најголемата опозициска партија – Лабуристичката партија, Џереми Корбин, да се согласи на предвремин избори на 15-ти октомври. Меѓутоа, за да се оствари оваа негова идеја, потребна му е поддршката од двет третини од пратениците.
„Можам ли да ги повикам водачот на опозицијата, кога наскоро ќе стане, доколку се усвоите овој предлог-закон за предавство, да им се дозовли на граѓаните на оваа земја на избори на 15-ти октомври да го изразат своето мислење за тоа што тој го предлага во нивно име“, рече Џонсон во парламентот.
Џонсон додаде дека сака да постигне договор за излегувњето на Британија од ЕУ до самитот на Унијата на 17-ти и 18-ти октомври во Брисел и да го спроведе брегзитот. Истакна и дека владата битно напредува и дека ќе успее да ја отстрани одребата за заштитниот механизам за границата на ирскиот остров, ткн бекстоп. Во прилог му оди и одлуката на шкотскиот суд дека неговата одлука за суспендирање на парламентот е законска.
„Оваа влада ќе постигне договор со нашите пријатели во Брисел. Ќе постигнеме договор“, рече Џонсон.
Со „Законот за капитулација“ Џонсон го нарекува предложениот план на лабуристите, кој треба да овозможи избегнување на излегувењето од ЕУ без договор. Според премиерот, овој предлог-закон е единствената пречка за планираниот брегзит на 31-ви октомври.
ПРесметката меѓу премиерот и парламентот ќе донесе во средата низа настани, меѓу другото и гласање за обидот да се блокира договорот, гласање за предлогот на Џонсон за избори и вообичаените прашања до премиерот секоја седмица.
Криење на фактите
Британскиот премиер се однесува непостојано во однос на ситуацијата со брегзитот, ја уништува својата партија и крие информации за катастрофалните последици од излегувањето на земјата од ЕУ без договор, изјави лабуристичкиот челник Џереми Корбин.
„Доколку премиерот го стори истото со земјата како што тоа го стори со својата партија последните 24 ласа, тогаш многумина од нас ќе живеат во ужас… Тој се однесува недоследно, затоа што нема јасен план за дејствија, ниту мнозинство во парламентот, ниту власт. Неговата стратегија за преговорите со ЕУ околу брегзитот е да се одложи“, рече Корбин говорејќи во средата во парламентот.
Премиерот Џонсон на обвинувањата за неконистентноста веднаш одговрои со повикот да се оди на избори.
„Одлично, дајде да одиме на избори“, рече Џонсон. Притоа го потсети Корбин дека тој како лидер на опозицијата претдхоно повикувал на предвремени избори а сега кога премиерот ги предлага да се одржат уште во средината на октомври вели дека нема да ја поддржи идејата на ривалот. Џонсон го критикуваше Корбин и за недостиг од патриотизам и поддршка на британската надворешна политика.
„Челникот на опозицијата ги гледа сојузниците на Велика Британија во Техеран и Каракас, а не во Вашингтон и Берлин“, рече Џонсон, одговарајќи на повечегодишните критики од Корбин дека британската владејачка Конзервативна партија го користи брегзитот да го отвори домашниот пазар за стоки и компании од САД на штета на стандардите за квалитет.
Корбин одговори и дека е запознаен со истекувањето на владините документи во кои биле опишани проблемите со кои ќе се соочи Британија веднаш штом ќе ја напушти ЕУ без договор, особено истакнувајќи го прекинот во снабдувањето со храна и долгите задржувања на товарите во царинските терминали на пристаништата.
„На моето прво прашање денекса (за последиците од излегувањето од ЕУ без договор), тој (Џонсон) не одговори. И ова не е заплашување, информацијата дојде од владата. Премиерот ги крие фактите… Премиерот треба да го објави докумемтот со процена на можите последици од напуштањето на ЕУ без договор“, рече Корбин.
На тоа повторно кусо реплицираше Џонсон со оцената дека „Опозицискиот лидер се занимава со најсрамното заплашување“.
„Премиерот на својата должносте е веќе шест седмици, но тој не стори ништо за промена на текстот од претходниот договор, кој веќе (трипати – з.р.) го одбивме (во парламентот). Преговорите (со ЕУ за условите за излегувањети) се фиктивни, објавете ги документите“, возврати Корбин.
Во својот повторен одговор, Џонсон рече дека преговорите со ЕУ се „на напредно нови“, но не даде поединости.
Одложување на изборите
Меѓутоа, премиерот кој е решителен Велика Британија да ја напушти Европската унија на 31-ви октомври, со или без договор, подготвува противнапад. По гласањето во вторникот, Борис Џонсон рече дека ќе се заложи за предвремени избори. Доколку пратениците кои се противат на брегзитот без договор успеат да го наметнат одложувањето на раздружувањето со ЕУ, владата на Џонсон ќе му претстави на парламентот предлог за распишување предвремени избори. За прифаќање на овој предлог неопходна е поддршката од две третини од пратениците.
„Не сакам избори, но доколку пратениците утре гласаат за запирање на преговорите и наметнат уште едно бесмислено одложување на брегзитот, кое ќе трае потенцијално со години, тогаш тоа би бил единствениот начин ова да биде разрешено“, рече Џонсон во парламентот по гласањето.
Британската влада соопшти дека сака овие избори да се спроведат кон средината на октомври, во секој случај пред самитот на ЕУ предвиден за 17-ти и 18-ти октомври во Брисел. Меѓутоа, се стравува дека Џонсон би можел во последен момент да го промени датумот и да ги помести изборите по 31-ви октомври, датумот предвиден за брегзитот, и така да ја спроведе својата идеја.
Опозициската Лабуристичка партија не верува дека Џонсон ќе ги спроведе изборите на 15-ти октомври, рече нејзиниот портпарол Кир Стармер.
„Кога Џонсон вели 15-ти октомври, можам да ви кажам дека ниедна опозициска партија, како ниту некои ‘ториевци’, не му веруваат. Нема да танцуваме како што тој свири. Нема денеска да гласаме за Борис Џоносн за да не си ја ускратиме можноста да ја довршиме работата поради којашто токму ја преземавме контролата над парламентот“, рече портпаролот за BBC.
Противниците на брегзитот без договор тврдат дена ништо не може да го оправда ваквото излегување од ЕУ, коешто преку ноќ би ги прекинало економските врски со најголемиот британски извозен пазар и неминовно би довело до големи економски нарушувања. Повеќе од три години откако Обединетото Кралство на референдумот изглеса напуштање на Европската унија, спроведувањето на брегзитот останува нерешено, а можните исходи сѐ уште се движат од турбулентно излегување без договор до откажување од целата операцијата.