
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во четвртокот дека Западот не би требало да ја поттикнува Украина да се согласи на „лош“ компромис со Русија, бидејќи тоа според него би било „морално одвратно“.
„Да се поттикнува на лош мир во Украина значи да се поттикнува (рускиот претседател Владимир) Путин и сите оние во светот коишто мислат дека агресијата се исплати. Тоа би било грешка и би ги отворило вратите за повеќе судири, повеќе нестабилност, повеќе неизвесност во светот и според тоа повеќе економски тешкотии“, изјави Џонсон во говорот во северозападниот англиски град Блекпул.
И во продолжението од говорот британскиот премиер всушност се обиде да го појасни тонењето на британската економија, делумно и поради санкциите коишто Западот ѝ ги наметна на Русија, поради нејзината воена интервенција во Украина.
„Знам дека некои., не во оваа земја, туку на друго место, сметаат дека цената на поддршката на Украинците сега е превисока и дека би требало да бидат поттикнувани на она што Путин го бара. Би било морално одвратно да бидат напуштени Украинците“, рече уште Џонсон.
Лондон ги поддржуваше и помагаше прозападните сили и пред превратот со кои ја преземаа власта во Киев во 2014 година, а потоа следните осум години, како и сега се најголемиот доставувач на оружје по САД за украинската армија чии припадници ги обучуваат, а континуирано изминатите години на источното боиште против одметнатите проруски региони операциите ги водат британски офицери, воени ветерани, па и активни војници и платеници.
„Путин нема никогаш да успее да ја подјарми Украина и што порано тоа го сфати, толку подобро, но не смее да му се дозволи да постигне делумен успех така да проголта дел од земјата како што правеше пред и да прогласи прекин на огнот“, тврди Џонсон кој во понеделникот го преживеа гласањето кое ги бараа пратениците од неговата Конзервативна партија.