Британскиот премиер Борис Џонсон ги отфрли обвинувањата дека не бил демократ со тоа што го суспендираше Парламентот. „Дајте олабавете ме, какви глупости се тоа“, изјави Џонсон за време на својата посета на едно основно училиште во Лондон, каде учествуваше и на часовите заедно со младите ученици.
Тој рече дека одложувањето за излезот на земјата од ЕУ нема да донесе ништо, и на децата кои го прашаа дали ќе има или не договор за Брегзит, им одговори дека е подготвен напорно да работи за да постигне договор, но дека „мора да сме подготвени да излеземе и без договор“.