Џонсон ги повика лидерите на Г7 да го вакцинираат светот до крајот на 2022-ра

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика во саботата челниците на групата седум најбогати зеји во светот (Г7) а се обврзата да го вакцинираат целиот свет против Covid-19 до крајот на 2022 година, и тоа да го сторат до состанокот во Велика Британија следната седмица.

Џонсот ќе биде домаќин на првиот самит со лично присуство по речиси цели две години, а кој следи по состаникот на министрите за финансии на членките на Г7 кои заврши во саботата, и рече дека ќе бара залог за постигнување на глобалната цел за вакциниањето.

„Вакцинирањето на светот до крајот на следната година би претставувал наголемиот подвиг во историјата на медицината“, изјави Џонсон.

Ги повиа колегите челници во Г7 да му се придружат во ставањето крај на паднемијата, како и да се обврзат дека никогаш повеќе нема да дозволат а се повтората разорувањата кој ги предизвика коронавирусот.

Челниците на Германија, Европската унија, Италија, Јапонија, Канада, САД и Франција ќе му се придружат на Џонсон на тродневниот самит во Корнвол, на југозападт на Англија, а кој започнува во петок.

Тоа, исто така, ќе биде првото патување во странство на американскиот претседател Џо Бајден откако ја презема должноста во јануари, и пред неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин на 16-ти јуни во швајцарска Женева.

Иако најбогатите земји вакцинираа досега голем дел од своите населенија, многу сиримашни земји немаа подеднаков пристап до вкацините. Здравствените експерти предупредија дека вирусот ќе продолжи да се шири и да мутира доколку не се донираат повеќе вакцини за земјите со ниски приходи.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави во Лондон по средбата на министрите за финанзи на Г7 дека за најбогатите држави поттикнувањето на вакцинирањето во сиромашните земји, кои не можат да си дозволат купувања, е жежок проблем.

Јелен, исто така, го повтори ставот на САД дека треба да се повлечат правата на патенти за вакцините, и додаде дека прават сѐ што е во нивната моќ да ги решат проблемите во синџирот на снабдување, а коишто ја спречија зголемената испорака на дозите вакцините во другите делови во светот.

Велика Британија нарача повеќе од 500 милиони дози од вакцините против Covid-19 за своето 67-милионско население, но порача дека ќе ги донира сите дози кои нема да ѝ бидат потребни.