![_112871456_hi061914751](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/112871456_hi061914751.jpg?resize=624%2C351&ssl=1)
Британскиот премиер Борис Џонсон, додека во тамошната и европската јавност трае жолчната дискусија за отстранување на спомениците на историски личности, порача дека Обединетото Кралство не може да го „фотошопира“ своето општествено опкружување и комплексното минато, бидејќи тоа би ја искривило британската историја.
„Доколку почнеме да ја бришеме историјата и да ги отстрануваме ликовите на сите освен на оние чиишто заслуги се ставовите во согласност со нашите, се вклучуваме во голема лага, искривување на историјата“, напиша британскиот премиер Борис Џонсон во весникот The Telegraph.
Џонсон застанува во одбрана на воениот британски премиер Винстон Черчил порачувајќи дека е „апсурдно и за осуда“ тоа што неговиот споменик беше загорзен изминатите денови во текот на антирасистичките протести.
„Беше херој и мислам дека нема да бидам осамен во пораката дека ќе се спротиставам со секој свој здив на секој обид за остранување на статуата од Парламент Сквер, и што поскоро да се острани заштитата околу него“, пишува британскиот премиер.
Демонстрантите кои излегуваат изминатите неколку седмици на протести по смртта на американскиот црнец Џорџ Флојд при обид за приведување од бел полицаец, многу споменици во чест на историски личности во САД и во Европа ги прогалсија за расистички, уништувајќи ги, вандализирајќи ги и фрлајќи го во езера и реки. Со тоа споменичните обележја во САД, како и во Велика Британија, Белгија и Франција, беа ставени во жижата на борбата против колонијалното и робовладетелско минато, а во Обединетото Кралство против империјалната историја.
Претходно месецов споменикот на Едвадр Колстон, обвинет од демонстрантите дека во XVII века се богател со трговијата со робје, беше урнат и фрлен во пристаништетот во Бристол. Некои од таквите личности придонеле и за формирање на бројни научни и културни британски институции, кои сега размислуваат за остранување на нивните споменици, а меѓу нив се и универзитети.
Познато е дека Џонсон го цени Черчил, и луѓе од опкружувањето на сегашниот премиер велат дека славниот претходник му е пример.
Критичарите го обвинуваат Черчил дека изнесувал расистички и антисемитски ставови, како и дека ја ускратувал храната за Индија во текот на масовниот помор од глад во 1943 година кога умреле повеќе од два милиона луѓе, пишува британската новинска агенција Reuters.