Британскиот премиер Борис Џонсон, кој во четвртокот поднесе оставка на должноста челник на владејачката Конзервативна партија, ги отфрли во петокот апелите власта да ја препушти на преоден премиер откако следствено најави повлекување и од оваа должност до партиската конвенција поради бројните скандали.
Сѐ повеќе влијателни и високи функционери на Конзервативната партија ги повикуваат Борис Џонсон веднаш да отстапи од премиерската должност и да не го очекува изборот на партискиот челник веројатно есенва.
Поранешниот премиер Џон Мејџор меѓу оние кои бараат преоден премиер да стане Доминик Рааб, заменикот на Борис Џонсон. Меѓутоа, од Даунинг стрит 10 во петокот објавија дека Џонсон нема да замине пред изборот на челникот на ториевците.
„Премиерот се поведува во согласност со законите. Останува премиер до изборот на новиот партиски челник и владата продолжува да работи до тој момент“, изјави портпаролот на Џонсон.
Некои конзервативни, како и опозициски пратеници, стравуваат од летниот хаос доколку Џонсон останува во резиденцијата во Даунинг стрит 10, додека се одвива процесот на новиот лидер на партијата, што би можело да трае со седмици, па и со месеци.