Британскиот премиер Борис Џонсон ги претстави во вторникот плановите за зголемување на даноците на работниците, рапотодаачите и некои инвеститори порди ублажување на кризата на здравствениот и секторот за социјална грижа, со што го прекрши изборното ветување и го предизвика гневот меѓу неговите партиски колеги.
Откако влижи огромни суми пари во борбата против Covid-19, британскиот премиер Борис Џонсон се откажа од изборното ветување со коешто се обврза да ја санира кризата на системот за социјална помош чиишто трошоци, како што се превдивува, поради стареењето на населението со следните две децении ќе се удвојат.
Во рамките на своето ветување, Џонсон рече и дека ќе ги надомести доцнењата во здравствениот систем, имајќи предвид дека поради пренасочување на сите ресурси на државниот здравствен систем во борбата со коронавирусот, милиони лица со месеци чекаа на ред за прегледи и лекување.
„Би згрешил кога би рекол дека можеме ова закрепнување да го финансираме без носење тешки но одоворни одлуки за тоа како да ги изнајдеме потребните средства“, рече Џонсон во своето обраќање во парламентот.
Британските влади и политичари со години се обидуваа да принајдат соодветен модел за финансирање на социлната грижа, иако и двајцата претходни премиери од редовите на конзервативците и лабуристите, го игнорираа ова прашање поради стравувањата дека ќе ги разбеснат своите гласачи, но и партиските колеги.
Необѕирајќи се на загриженоста на својата Конзервативна партија, Џонсон го претстави планот според кој стапката на данокот за здравственото и социјално осигурување, кое го плаќаат и работници и работоавачите, ќе се зголеми за 1,25 отсто.
Со ова зголемување, како што рече Џонсон, во текот на следните три години ќе бидат собрани 36 милијарди фунти.
Џонсон се обиде да ги ублажи гневните реакции во својата партија, којашто со децении е позната по тоа што заговара ниски даноци. Некои пратеници стравуваат дека поради овие зголемувања на даноцит ќе ја загубат поддршката на изборите во 2024 година.
Премиерот Џонсон подоцна рече дека не сакал натамошни зголемувањеа на данокот, но кога беше запрашан за тоа одби потполно да ја исклучи таа можност. Рече, исто така, дека е потребна долгорочна реформа за да се поправи состојбата во системите за грижа за старите и лицата со посебни потреби.
„Признавам дека со ова ја кршам својата политичка програма, но не го правам тоа лесно, глобалната пандемија не беше во ничиј план и програма“, порача Џонсон.
Министерката за турд и пензиски систем во неговата влада, Тереза Ен Кофи, подоцна изјави дека државата следната година нема да го зголемува износот на пензиите за да ги усогласи со платите, со што би било прекршено уште едно предизборно ветување.