Американскиот произведувач на лекови Џонсон и Џонсон очекува 2,5 милијарди долари приходи од вакцините против ковид-19, покажува деловниот извештај за второто тримесечје.
Вкупниот приход годинава би требало да се движи од 91,3 до 92,1 милијарди долари, предвидува компанијата, зголемувајќи ја процената благодарение на зголемената продажба на медицински уреди и засилената побарувачка за лекови за псоријаза и за Кроновата болест.
Кога ќе се додаде приходот од продажбата на вакцини против ковид-19, проценетите приходи се кажуваат на 93,8 милијарди до 94,6 милијарди долари.
Компанијата во второто тромесечје го зголемила приходот за 27 отсто, на 23,3 милијарди долари. Нето добивката скокнала за 73 отсто, на 6,3 милијарди долари.
Џонсон и Џонсон очекува годинава да произведе 500 до 600 милиони дози вакцини против ковид, изјавил за американската ТВ станица ЦНБЦ финансискиот директор Џозеп Волк.
Конкурентот Фајзер очекува 26 милијарди долари приход од вакцините годинава, а Модерна 19.2 милијарди долари.