Британскиот премиер Борис Џонсон беше во неделата е силно критикуван, вклучително и во неговите конзерватвни кругови, поради тоа што ја спореди борбата на Украинците против Русија со Британците кои гласале за брегзитот бидејќи ја „избрале слободата“.
Во говорот во саботата на конгресот на Конзервативната партија во Блекпул во северна Англија, Борис Џонсон изјави „Инстинктот на народот на оваа земја, како и украинскиот народ, е да избира слободата“. Притоа, како „неодамна славен пример“ го наведе референдумот за брегзитот во јуни 2016 година.
„Кога Британците гласаа за брегзит, во толку голем број, мислам дека тоа не беше затоа што беа непријателски расположени кон странците. Гласаа така бидејќи сакаа да бидат слободни да постапуваат поинаку и оваа земја да може самата да се води“, рече Џонсон.
Тоа предизвика силни критики. Поранешниот претседател на Европскиот совет, Полјакот Доналд Туск, оцени на Twitter дека оваа изјава ги „навредува Украинците, Британците и здравиот разум“.
Поранешниот европски преговарач Ги Верховстад оцени дека тоа споредување е „налудничаво“ и истакна дека „Украинците сакат повеќе слободата и да влезат во ЕУ’.
„Да сум Украинец, би бил навреден. Да сум Британец, би ми било срам. Како француски дипломат нема да коментирам на Twitter“, објави на оваа социјална мрежа Филип Ерера, главен директор за политички прашања и безбедност во француското министерство за надворешни работи.
Во коментарот на Twitter, кој го ретвитна француската амбасадорка во Лондон Катерин Колона, конзервативниот пратеник Тобијас Илвуд истакнува „Ако сакаме да ги победиме Путин, ни треба водство и меѓународно единство“.
„Да се споредува борбата на украинскиот народ против путиновата тиранија со британскиот народ кој гласаше за брегзит му штети на нивото на политичкото водство кои почнавме да го покажувавме“, оцени Илвуд.
Британскиот министер за финансии Риши Сунак рече во неделата за Sky News дека мисли оти тие две ситуации не можат да се споредуваат.
„Олигледно е дека не се директно аналогни и мислам дека ниту премиерот не рече дека се директно аналогни“, рече Сунак.