Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во вторникот дека е важно населението да не извлекува предвремени заклучоци по неколкуте дена подобра ситуација со Covid-19 и побара од сограѓаните да останат претпазливи.
„Забележав, секако, дека шест дена имаме подобри бројки, но многу многу е важно да не дозволиме да извлечеме избразани заклучоци од тоа. Луѓето море да останат многу претпазливи и тоа останува владиниот пристап“, додаде Џонсон.
Британскиот премиер на 19-ти јули во Англија ги укина речиси сите рестриктивни мерки поврзани со пандемијата на коронавирусот, за да се забрза економското закрепмување а денот беше наречен „Ден на слободата“.
Британија во последниот период бележи рат на бројките, но до 20-ти јули, ден по отворањето, бројот на коронаинфекциите константно е во пад.
Џонсон верува дека една од најголемите економии во Европа може повторни да се придвижи под полн погон поради многу високата вакцинираност на населението, а неговата одлука претставува ново поглавје во глобалниот одговор на пандемијата на коронавирусот.
Доколку одлуката на британскиот премиер се покаже добра, тоа би било прифатено како начин за излегување од пандемијата, но новата стратегија носи и ризици. Притоа може да се појави варијанта на вирусот која е отпорна на вакцините или бројот на заболените би можел да го преоптовари здравствениот систем.
Британија е вкупно седмата земја на светот според бројот на починатите, но 87 отсто од британската возрасна популација добиле барем една доза од вакцините, а повеќе од 68 отсто ги добиле двете дози.