Џонсон нема да биде обвинет за врска со американска деловна жена

Британскиот премиер Борис Џонсон нема да се соочи со полициска истрга и кривично гонење поради поврзаност со американската претприемачка Џенифер Акрјури за „блиско здружување“ и оти меѓу нив можеби имало „интимна врска“, соопшти во четвртокот британското полициско контролно тело.

Независното биро за полициско однесување (IOPC), своевидна внатрешна контрола, минатиот септември отвори истрага по медиумските написи дека Борис Џонсон, во времето додека беше градоначалник на Лондон, не известил за својата поврзаност со Џенифер Аркјури, којашто примала илјадници фунти од јавни фондови, и била вклучени во службени активности и патувања.

Џонсон своевремено ги отфрли ваквите обвинувања и истакнуваше дека сѐ било сторени според прописите и оти нема судир на интереси.

Директорот IOPC, Мајкл Локвуд, изјави дека нема докази дека Џонсон влијаел врз исплатите на Аркјури или во врска со нејзините учества на деловни патувања.

Меѓутоа, Локвуд додава и дека „постојат докази коишто сугерираат дека функционери кои носеле одлуки за спонзорирање и учество во мисиите верувале дека Џонсон и Аркјури имаат близок однос, како и оти тоа влијаело на нивните одлуки“.

Џонсон беше истражуван од IOPC, бидејќи како лондонски градоначалник од 2008 до 2016 година беше и шеф на градското биро за полиција и криминал.

Портпаролот на Џонсон го поздрави „фактот дека оваа политички мотивирана тужба е отфрлена“, додавајќи дека тоа било губење време за полицијата.

Пријавата во IOPC била мотивирана од тоа што „Innoteh“, тогашната компанија на Џенифер Аркјури, примила 11.500 фунти од агенцијата за промоција на лондонскиот градоначланик „London & Partners“ за два настана во 2013 и 2014 година. Аркјури тогаш учествувала во трговска делегација во Сингапур и Малезија преку една од своите компании „Playbox“, иако иницијалната апликација преку „Innotech“ била отфрлена.

По медиумските напис, Аркјури во телевизиски разговори наведуваше дека таа и Џонсон имале „многу посебен однос“, како и дека се зближиле поради љубовта кон класичната книжевност, но и дека никогаш не ја фаворизирал во деловните зделки. Повеќепати одбиваше да каже дали биле во врска, но рече дека тој ја отфрлил „како гремлин“ откако медиумите пишувале за нивниот однос.

Од IOPC објавија дека „можеби станувало збор за врска“ меѓу сегашниот британски премиер и американската деловна жена. Лондскиот градски совет, пак, најави дека ќе продолжи со истрагата за овој случај.