Џонсон поднесува оставка на чело на конзервативците, се надева дека ќе остане премиер до есента

Британскиот премиер Борис Џонсон под силниот притисок на своите сопартијци подоцна во четвртокот ќе поднесе оставка на должноста претседател на владејачката Конзервативна партија, но се надева дека ќе остане премиер до есента кога треба да се одржи партиската конвенција, пишуваат британските медиуми.

Сите британски медиуми ја објавија потврдата од владиното седиште во Даунинг стрит 10 дека Џонсон ќе се обрати во јавноста со официјално отстапување од челната позиција на Конзервативна партија. Меѓутоа, јавниот сервис BBC објави дека тој се надева дека ќе остане премиер до есента, кога на партиска конвенција на ториевците би се избрал нов лидер на партијата. Таквата можност веќе наиде на многу критики.

„Освен што ќе ја напушти функцијата челник на партијата, тој мора да замине и од премиерската позиција. Откако загуби толку министри, ја загуби и довербата и авторитетот да продолжи натаму“, изјави влијателниот конзервативец поранешниот министер за образование Нил Гиб.

Џонсон ќе ја напушти адресата на Даунинг стрит откако повеќе од 44 функционери, повеќе министри и партиски колеги му ја повлекоа својата поддршка, сметајќи дека тој веќе не може да ја води земјата западната веќе во економска криза. По неколкудневна борба за опстанување на позицијата, Џонсон го напуштија речиси сите освен најголемите сојузници.

„Нема шанси да остане до октомври. Очигледна бесмислица е да се мисли дека може“, порача Рут Дејвидсон, поранешна шкотска конзервативни челничка, денес членка на горниот дом на парламентот.

„Сега ни е потребен нов лидер, што е поскоро можно. Некој кој може да ја врати довербата, да ја излекува земјата и да претстави нов, разумен и конзистентен економски пристап за помош на семејствата“, рече државниот секретар за економија Кваси Квартенг.

Џонсон во четвртокот, пред најавеното обраќање на јавноста, разговарал и со кралицата Елизабета Втора. BBC објави дека неговото обраќање треба да се случи набрзо.

Поддршката на Џонсон се истопи во само последните 24 часа, во еден од најтурбулентните денови во неодамнешната британска политичка историја.

Дека судбината на Џонсон е запечатена се покажа кога оставка поднесе и Надим Захави, конзервативна ѕвезда во подем кој на местото министер за финансии го именуваше во вторникот вечерта. Захави и другите министрите ноќта дојдоа во Даунинг стрит да му порачаат на премиерот дека мора да си замине.

Џонсон прво тоа го одби и го отпушти Мајкл Гоув, министерот кој прв го повика на оставка. Но во четвртокот утрото, кога владата решија да ја напуштат уште неколку министри, стана јасно дека Џонсон не може да опстане на должноста.

Ториевците ќе мора да изберат нов челник, а тој процес би можело да трае неколку месеци. Сѐ уште не е јасно дали Џонсон може во тој период да остане на премиерската позиција додека се бира неговиот наследните на чело на Конзервативната партија.

 

Функционална влада

Велика Британија ќе продолжи да има функционална влада, изјави во четвртокот министерот Мајкл Елис, пред очекуваното објавување на оставката на неговиот премиер Борис Џонсон во партијата.

„Мораме да продолжиме да ѝ служиме на нашата земја. Нашата должност е да обезбедиме народот на оваа земја да има функционална влада“, министерот за државната каса Елис.

Челникот на опозициските лабуристи Кеир Стармер изјави дека е „добра вест дека Џонсон отстапува“,.

„Тоа требаше да се случи одамна. Никогаш (Џонсон) не беше за таа функција. Одговорен е за лаги, скандали и измами на индустриско ниво“, рече лидерот на виговците.

На оставката на Џонсон реагираше во четвртокот и Кремљ, порачувајќи дека британскиот премиер не го сакале ниту Русите. „Тој не нѐ сакаше нас, ниту ние го сакаме него“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков додавајќи дека неговата оставка е „неважна“ за Москва.

Велика Британија е еден од најголемите поддржувачи на Украина во војната против Русија, а впечатокот кај најголемиот дел од политички коментатори е дека токму ангажманот на Борис Џонсон со Киев и спречувањето постигнување украинско-руски договор го одложи неговото неодамнешно заминување од власта, поткопана со низа афери.