Британскиот премиер Борис Џонсон призна дека сакал „да ја изџвака својата вратоврска“ поради принудното одложување на датумот за излегувањето на Обединетот Кралство од Европската унија што требаше да се случи на 31-ви октомври.
Џонсон не успеа да ја добие поддршката во британскиот парламент за договорот за брегзитот кој го постигна со Брисел, а покрај тоа со неодамна изгласаниот закон беше принуден да ја извести и да побара од ЕУ одложување на датумот за раздружување и покрај неговите претходни ветувања дека ќе ја изведе Британија од Унијата со или без договор, како и дека попрво би „завршил во јаз“ отколку да бара одложување на брегзитот.
Конзервативниот премиер очекува по декемвриските вонредни избори ќе биде подобрена неговата позиција во Долниот дом на британскиот парламент, како и дека пратениците конечно ќе излгасаат согласност за излегување од ЕУ до јануари 31-ви јануари 2020 година.
„Можам да ви кажам дека стасав до моментот кога сакав да си ја изџвакам вратоврската од очај, затоа што постигнавме речиси сѐ. Имаме договор кој ни овозможува да ја напуштиме ЕУ за само неколку седмици“, рекол Џонсон за новинарите.
Оваа изјава на Џонсон во средата била дадена во текот на изјавата за официјалниот почетокот на изборната кампања. Денеска тој присуствувал на аудиенцијата кај кралицата Елизабета Втора, која даде дозвола за спроведување на општите избори на 12-ти декември.
Говорот на Џонсон всушност претставува негов предизборен манифест. Го повторил ветувањето за спроведување на брегзитот и уверува дека „стотици милијарди фуинит го очекуваат овој момент, за да се влеат во британската економија“. Ветил дека ќе ги поддржи Националната служба за здравствена заштита и образовниот систем, ќе се бори против климатските промени и ќе воведе имиргациски систем базиран на процени и поени, додека опозицијата, според него, има намера да ја отвори земјата за неконтролиран влез на мигранти.
Џонсон, исто така, рекол дека евентуалното доаѓање на власт на левичарската Лабуристичка партија ќе претставува „почеток на кошмарната претстава на неодлучност и одложувањата“, и го обвинил опозицискиот челник Џереми Корбин дека нема јасен став за клучните прашања. Предупредил дека лабуристичката влада би можела да спроведе веднаш два референдума: нов за брегзитот и за независност на Шкотска.
„А веќе знаеме каква позиција ќе заземе Џереми Корбин“, рекол Џонсон.
Џонсон, исто така, ги критикувал својот политички опонент за наводна поддршка на рускиот претседател Владимир Путин во моменто кога се дознало за труењето на поранешниот воден руско-британски шпион Сергеј Сркипал и неговата ќерка Јулија во март 2018 година во англискиот град Солсбери.