Џонсон: Путин бавно но опипливо напредува во Донбас

Рускиот претседател Владимир Путин бавно но опипливо напредува во доминантно рускојазична и руска област Донбас на истокот на Украина, изјави во петокот британскиот премиер Борис Џонсон.

„Стравувам дека Путин, со голема цена за себеси и за руската војска, продолжува да ја голта земјата во Донбас“, вели Џонсон за агенцијата Bloomberg UK.

„Тој (Путин) продолжува да напредува постапно, бавно, но стравувам дека напредува позначителни и затоа од апсолутна животна важност е и натаму воено да ги поддржуваме Украинците“, истакнува британскиот премиер.

Во продолжение Џонсон вели дека на Украина ѝ е потребна поголема воена поддршка, вклучително и повеќецевни ракетни системи, и додава дека војната мора да заврши.

„Единствен начин на кој тоа може да се заврши е Путин да прифати дека се спровела денацизација на Украина и дека може да се повлече достоинствено и чесно. Мислам дека постои политички маневарски простор на тоа да му се стави крај“, рече додавајќи дека тоа не значи дека ја поддржува руската теза за владеењето на неонацистите со Украина.